Село во Белгија без заразени од коронавирус

Од:

Херстапе, најмалото село во белгиската покраина Лимбург, од избивањето на епидемијата на Ковид-19 досега нема ниту еден заразен со новиот коронавирус.

Белгиските медиуми, како куриозитет ја пренесуваат информацијата дека коронавирусот, кој најтешко ја погоди токму оваа покраина, досега целосно го поштедил селото, во кое живеат околу 90 луѓе.

Жителите на ова место сметаат дека најзаслужна за таквата ситиуација не е нивниот „посебен имунитет“, туку дисциплинираноста во спроведувањето на воведените мерки.

Покраината Лимбург во белгискиот регион Фландрија е најтешко погодена област од Ковид-19, со над 75 проценти пополнети болнички капацитети.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски