Секој трет Швеѓанец вознемирен од можни терористички напади во Шведска

Од:

По терористичкиот напад во Париз мерките на безбедност се зголемени на повеќе места во Европа, вклучувајќи ги и скандинавските земји.

Во моментот секој трети Швеѓанец, околу 36 отсто од испитаниците, сметаат дека Шведска ризикува да биде погодена од терористички атентати, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Според резултатите од испитувањето на јавното мислење што го подготви институтот „Сифо“, гледано од партиско-политички аспект, најголема вознемирност, 67 проценти, чувствуваат членовите и симпатизерите на екстремно-десничарската партија Шведски демократи.

Меѓу симпатизерите на опозицискиот десничарски параламентарен блок 42 проценти чувствуваат вознемиреност од ризиците поврзани со терористички напади, а меѓу симпатизерите кои ја поддржуваат владејачката социјалдемократска влада во коалиција со зелените бројката изнесува 30 проценти.

Испитувањето исто така покажува дека постариот дел од шведската популција верува во поголем обем дека нивната земја ризикува напад од терористи.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност