Секој десетти човек на планетата може да се зарази со коронавирус, според нови проценки

Од:

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, доктор Мајкл Рајан, денеска изјави дека, според неговите најдобри проценки, приближно еден од десет луѓе низ целиот свет може да биде заразено со коронавирусот.

Говорејќи на состанокот на извршниот одбор, посветен на Ковид-19, Рајан рече дека податоците се разликуваат од урбани до рурални области и меѓу различни групи, но оти на крајот тоа значи дека огромно мнозинство во светот е изложено на ризик.

Проценката, која би изнесувала повеќе од 760 милиони луѓе врз основа на сегашната светска популација од околу 7,6 милијарди, далеку го надминува бројот на потврдени случаи пријавени и од СЗО и од Универзитетот Џонс Хопкинс, кој изнесува повеќе од 35 милиони случаи ширум светот.

Експертите веќе подолго време велат дека бројот на потврдени случаи е многу помал од реалниот број на заразени.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа