Секој бегалец Австрија ја чини 10.724 евра годишно

Од:

Бегалската криза претставува голем товар за буџетот на Австрија за тековната и идна година, а министерот за финансии Ханс Јерг Шелинг смета дека трошоците во текот на 2016 година за бегалците ќе изнесуваат околу милијарда евра.

Секој бегалец според пресметките на Министерството за финансии ја чини државата во просек 10.724 евра, пренесува Танјуг.

Според проценките Австрија идната година ќе биде соочена со 85.000 барања за азил.

Трошоците за барателите на азил меѓу 2011 и 2013 година во просек изнесувале 0,05 отсто од БДП на Австрија, а се очекува да пораснат во 2016 на 0,3 проценти од БДП, односно 910 милиони евра, се наведува во предлог буџетот претставен од министерот Шелинг.

Според тоа за основно сместување на бегалците се наменети 420 милиони евра, 75 милиони за мерки за интеграција и 70 милиони евра за спроведување мерки потребни за пазарот на труд.

Пред две години просечните трошоци за грижа по бегалец изнесувале околу 10.000 евра, а сега тие се зголемени на 10.724 евра. Најголем дел е за сместување и храна 7.665 евра, за медицинска помош 1.343 евра, а дневниците годишно изнесуваат 480 евра, додека за облека се предвидени 150 евра.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче