Седуммина Кубанци починаа од труење со рум, 41 лице пренесено во болница

Од:

Седум лица на Куба починаa, а 41 се пренесени во болница со симптоми на тешко труење, откако пиеле рум купен на црниот пазар, јави кубанската телевизија.

Медицинските истражувања утврдиле присуство на метил алкохол кај затруените, кој е крајно токсичен и може да предизвика смрт или трајни оштетувања, вклучувајќи и слепило.

Според соопштение на кубанското Министерство за здравство, осуммина од хоспитализираните лица се наоѓаат во критична состојба.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски