Седум причини зошто САД не треба да и помагаат на Украина во нејзината битка со Русија

Од:

Њузвик – Њујорк

Украинската армија ја загуби контролата врз аеродромот во Доњецк, а бунтовниците започнаа нова офанзива. Среќата се уште може да му се насмее на Киев, но се додека Русија не сака да допушти пораз на сепаратистите, напорите на Украина најверојатно ќе отидат во ветер.

Како што веќе напишав на веб страната на Форбс, „само договор преку преговори, колку и да не се задоволителни, дава можност за решавање на конфликтот. Алтернативата може да биде рушење на украинската држава и долгорочна конфронтација меѓу Западот и Русија“.

Најревноснте застапници на Украина се местат во поза да тврдат дека секој оној кој не е готов да се жртвува во името на каузата за Киев, веројатно е руски шпион. Всушност има многу причини Вашингтон да стои настрана од таа битка.

1. Русија не е Србија, Ирак, Авганистан или Либија

Додека админстрацијата на Обама се противи на предлозите за воена конфронтација со Москва, бучна група од воинствени политичари кои го загубиле чувството за реалност притискаат за вооружување на Украина, за нејзин прием во Нато, и за распоредување на американски персонал и авиони во Украииа. Таквите чекори водат кон војна.

Американците се навикнати да очекуваат лесни победи. Но Русија е многу „голем залак“. Москва посебно располага со полна арсенал од атомски оружја, кои би можела да ги искористи како одговор на супериорноста на натовските сојузници во конвенционални сили.

2. Москва има поголем влог во Украина, отколку Западот

Украина има многу поголемо значење за Москва отколку за Вашингтон. Затоа таа ќе одвои многу повеќе ресурси и е подготвена да преземе многу поголеми ризици отколку сојузниците. Владата на Путин веќе се помири со фиансиските загуби, со економската излоација, со човечките жртви и со отворено политичко непријателство.

3. Сојузите треба да ја зајакнуваат безбедноста на САД, а не да бидат форма на добротворство за извоз

Не можеме да ја обвинуваме Украина дека сака Западот да ја заштити. Но за сојузниците нема резон да се опотоваруваат со тоа. Вклучувањето на Украна во Нато драматично ќе ја намали безбедноста на САД, ако еден второстепен конфликт кој е далечен за САД се претвори во воен спор помеѓу Америка и Русија.

4. Гаранциите за безбедност и ангажманите кои ги презема алијансата често го шират конфликтот наместо да го сопрат неговото распространување

Поддржувачите на НАТО поаѓаат од претпоставката дека членството на Украина би ја спречило Русија од преземање на воени дејствија. Но не секогаш е тоа правило. За време на Првата светска војна, военополитичките сојузи станаа трансмисиони ремени на војната.

5. Надворешната политика на САД треба да се базира на интересите на Америка, а не на другите земји

Најголемата деформација на надворешната политика на САД може да се добие како резултат на етничко лобирање. Нема ништо лошо во тоа да се чувствуваш симпатии кон една татковина на твоите претци, како Украина. Но надворешната политика на САД треба да се формира со оглед да носи корист за Америка, а не за други држави.

Некои подржувачи на Киев тврдат дека Украина заслужува поддршка онака како што Франција им помогна на американските колонисти да ја извојуваат својата независност на крајот од 18-иот век. Но Франција се вмеша во Американската револуција, затоа што Париз сметаше дека е во интерес на Франција да ја ослаби Велика Британија.

Вовлекувањето во војна со Москва не е заради слични интереси за Америка.

6. Ред е на Европа да дејствува

Ако Украина за некого има геополитичко значење, тогаш тоа е за Европа. Но повеќето членки на НАТО продолжуваат да ги намалуваат своите вооружени сили. Време е Европа да го понесе тешкото бреме на засилување на одбранбените потенцијали на алијансата.

7. Порамнување преку преговори е единственото решение

За жал, послабите држави треба да прават компромиси. За време на студената војна, Финска ги сочува своите внатрешни слободи, откако зазеде линија за да не го предизвикува Советскиот сојуз против себе.

На истиот начин светот денес е неправеден кон Украина. Нејзината воена победа е малку веројатна. Пат ситуацијата и се заканува на Украина со економска криза.

Сојузниците се надеваат дека санкциите ќе ја принудат Русија да отстапи. Но Владимир Путин нема доброволно да отстапи. Масовно јавно незадоволство може да доведе до народна револуција. Наметнатите казни од странство обично повеќе доведуваат до сплотување на луѓето околу нивните влади. Според информации од минатиот месец популарноста на Путин е 85 проценти.

Изгледите за една вајмарска Русија треба да ги натераат украинците и нивните пријатели на Запад да внимаваат што бараат. Една Русија во криза нема да биде демократска и попустлива.

Москва може да каже „не“. Штом е така, подборо е сега да дознаеме зошто отколку откако ќе минеме преку страдањата на една продолжена Студена војна.

Украиснко-рускиот конфликт е една непотребна трагедија. Добро е што сегашната битка многу не ја плаши Америка. Единствениот начин таа да се заврши без катастрофа всушност може да дојде преку преговори. Наместо да се држи како завојувана страна, Вашингтон треба да се фокусира на постигнување на дипломатско решение.

Даг Бандоу е виш соработник во Институтот Като. Овој текст се појави прво на веб страната на Институтот Като.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина