Апелациониот суд во Тунис ја потврди денеска пресудата од седум и пол години затвор за лицето, кое на Фејсбук објави карикатури од пророкот Мухамед, изјави судски извор.
Триесет годишниот Џабур Меџри, кој потекнува од крајбрежниот град Махдија, беше осуден од првата судска инстанца на 28 март за нарушување на јавниот ред и мир, навредување на трети лица преку социјалните мрежи и за кршење на моралот.
Друг млад Тунижанец од Махдија, Гази Беџи исто така беше осуден на казна затвор поради објавување на Фејсбук на карикатури од Мухамед, но тој се крие во Европа.