Седница на Советот на ОН за човекови права за ситуацијата во окупираните палестински територии

Од:

Советот на ОН за човекови права денеска во Женева ќе одржи вонредна седница за ситуацијата во окупираните палестински територии, вклучително Источен Ерусалим, јави ИТАР-ТАСС.

Палестинците бараат 47-члениот Совет да ги истражи сите кршења на човековите права и на меѓународното хуманитарно право, кои според нив се извршени од Израел за време на офанзивата во Појасот Газа.

Палестинската набљудувачка мисија во ОН бара итно да биде испратена независна, меѓународна комисија, што ќе ги разгледа сите нарушувања на човековите права и на меѓународното хуманитарно парво во окупираните палестински територии, вклучително Источен Ерусалим, особено во Појасот Газа во контекст на воените операции, извршени од 13 јули 2014 година.

Седницата на Советот на ОН за човекови права е свикана на барање на Египет во името на земјите од Арапската лига.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа