Се зголемуваат поплавените површини во југоисточна Азија

Од:

Состојбата со поплавите кои зафатија делови на Малезија и Индонезија се влошува и расте бројот на луѓето што мора да се евакуираат од загрозените подрачја.

Денеска претппладне во северниот дел на Малезија во 154 центри за засолнување на загрозените се примени уште 10.500 жители чии домови се поплавени.

Властите во три малезиски федерални држави соопштија дека до пладнето, по локално време, има над 150.000 лица кои се згрижени поради поплавите. Локалните медиуми јавуваат за над 160.000 згрижени, но и за најмалку 10 загинати како последица на поплавите.

Прилично лоша е состојбата и на островот Јава во Индонезија, особено во главниот град Џакарта. Во Источниот дел на 20 милионската Џакарта од саботата наваму се евакуираат семејства со мали деца и постари лица.

Дождовите во овој дел на светот постепено стивнуваат, па се очекува дека од утре водата ќе почне да се повлекува.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски