Се зголеми бројот на починати од коронавирус во Италија

Од:

Бројот на починати од коронавирусот во Италија се зголеми за 464, што е благ пораст во однос на претходниот ден кога изнесуваше 437, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Во исто време, порастот на новозаразени падна на 2.646 во однос на вчерашната бројка од 3.370.

Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата на 21 февруари се зголеми на 25.549, што е втор најголем после САД.

Бројот на заразени од коронавирусот изнесува 189.973, што е трет најголем после САД и Шпанија.

Агенцијата за цивилна заштита првпат објави податоци за тоа колку луѓе досега се тестирани, наведувајќи дека се работи за 1,053 милиони Италијанци од 60 милиони жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески