Се венчаа две мајмунчиња

Од:

Две мајмунчиња од Индија се венчале на тајна церемонија, со што бил склучен првиот мајмунски брак во земјата .

Имено, станува збор за мажјакот Раја и женката Чинки, чии што сопственици, одлучиле да станат „роднини“ и да ги венчаат мајмунчињата кои како што велат ги сакале исто како да им се родени деца.

Младоженецот Раја, бил познат во селото по тоа што, спиел и пушел заедно со својот газда Рамеш Шаинием, кој со мајмунот се однесува како со свој син. Чинки, невестата, припаѓа на свештеник од соседното село.

Сепак, и покрај добрата намера, сопствениците на животните биле соочени со проблем, затоа што според законот за заштита на дивите животни, граѓаните не смеаат да ги чуваат мајмуните како домашни миленичиња, а камоли да ги венчаваат.

На денот на венчавката стотици луѓе чекале на спектакл, додека тајната венчавка била направена во шумата.
Властите изјавиле дека се надеваат дека мајмуните ќе бидат вратени во шумата, а Шаини кој нема деца, кажал дека венчавката на неговиот мајмун за него претставувало уживање, “како да го женев синот“.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија