Во Пјонгјанг се урна станбена зграда во изградба и притоа настрадале непрецизиран број луѓе, јавуваат денеска севернокорејски медиуми.
Јужнокорејски официјални лица тврдат дека во зградата со 23 спрата која се урнала, веќе живееле околу 100 семејства иако изградбата не е завршена.
Северна Кореја ретко објавува негативни информации, јавуваат западни медиуми кои ја пренесоа информацијата.
Агенцијата КЦНА тврди дека несреќата се случила во вторникот и оти е резултат на „неодговорно“ надгледување на лица задолжени за изградбата. Агенцијата не објави точен број на загинати ниту причина за уривањето, но наведе дека жителите на Пјонгјанг се „шокирани“.