Се урна мал авион во Калифорнија: Едно лице загина, тројца преживеаја

Од:

Едно лице загина, а три се повредени кога едномоторниот авион се урна на паркинг во јужна Калифорнија, на 135 километри од Лос Анџелес, соопштија локалните власти, пренесуваат американските медиуми.

Авионот „Цесна 172“ со четири лица се урна набргу по полетувањето од аеродромот Француска долина во Муриета околу 14:45 часот по локално време, соопшти Федералната управа за авијација.

Едно лице починало на местото на несреќата. Тројца повредени се пренесени во болници. Едно лице има сериозни повреди, објави противпожарната служба на Твитер.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Загина пилот откако се урна едрилица во Корушка

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти