Единаесет лица загинаа денеска откако се урна авион со туристи во Танзанија. Авионот летал кон националниот парк Серенгети, соопшти танзаниската авиокомпанија „Костал авиејшн“.
Во авионот „Цесна караван“ имало 10 патиници и пилотот, а летал од градот Аруша.
Се уште не се познати причините за несреќата, а од танзаниската авиокомпанија не ги објавија имињата на жртвите.