Се тестира користењето аспирин во терапијата за Ковид-19

Од:

Аспиринот, еден од најпознатите и најшироко користените лекови во светот, ќе биде тестиран како можно дополнување на против Ковид-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија.

Најмалку 2.000 случајно избрани пациенти треба да примаат по 150 милиграми аспирин дневно со вообичаен режим.

Како што пренесуваат британските медиуми, постојат јасни причини во прилог на тезата дека аспиринот може да биде корисен, бидејќи тој се користи против тромбоза, а покрај тоа е безбеден, евтин и широко достапен.

Податоците за закрепнувањето на овие пациенти ќе се споредат со податоците на најмалку 2.000 други пациенти кои ја примаат стандардната терапија за Ковид-19.

Другите терапии што се тестираат вклучуваат антибиотик „азитромицин“ и коктел со антитела на компанијата „Регенерон“, што се користи за лекување симптоми на Ковид-19, како што прими американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски