Научниците тврдат дека во пештера на северот од Израел ископале делумен череп на анатомским модерен човек кој живеел заедно со неандерталците пред околу 55 илјади години, пишува Индепендент.
Станува збор за еден од најстарите неафрички черепи на Хомо сапиенс.
„Се сомневавме дека современите луѓе и неандерталците биле на исто место во исто време, но немавме физички докази. Сега имаме и тоа во новиот фосил“, рекол палеонтологот Брус Латимер од Универзитетот во Кливленд.
„Модерните луѓе и неандерталците веројатно меѓусебно се сретнале додека трагале за храна“, додал тој.