Се самоуби еден од судените за групно силување на индиската студентка

Од:

Се самоуби Рам Синг, еден од судените за групното силување на 23-годишната индиска студентка во престолнината Њу Делхи, што доведе до нејзината смрт, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на локалните медиуми.

Синг (33), возач на автобусот во кој на 16 декември беше нападната младата жена, беше еден од шестмината обвинети во случајот. Тој се обесил во затворската ќелија со својата облека.

Дваесетгодишнот брат на починатата студентка изјави дека не е особено задоволен од веста бидејќи сакал Синг да „биде обесен… јавно“. Според него, возачот се самоубил, бидејќи знаел дека ќе биде осуден на смрт.

-Се надевам дека останатите ќе ја дочекаат својата смртна пресуда, дополни братот на брутално силуваната жена.

Студентката почина во болница во Сингапур две недели откако беше силувана и тепана со метален стап, на враќање од кино со свој пријател, 28-годишен компјутерски инженер, кој беше тешко повреден.

Случајот ја потресе цела Индија и предизвика масовни протести со барања за сурови казни за силувачите.

Петмина од обвинетите, кои се полнолетни, беа изведени пред специјален суд и може да бидат осудени на смрт. Последниот, 17-годишен малолетен тинејџер, е суден одделно и може да добие казна до три години затвор.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка