Се распадна системот кој требаше да го чисти Тихиот Океан

Од:

Системот кој требаше да го исчисти Тихиот Океан од пластичен отпад, се распадна меѓу Калифорнија и Хаваите и ќе биде одвлечен на копно за да се поправи.

Холандскиот пронаоѓач Бојан Слат, кој го иницираше проектот за чистење на Пацификот, за Ен-Би-Си њуз изјави дека системот, кој е долг 600 метри ќе се влече 1.300 километри до Хаваите.

Ако таму не може да се поправи, ќе се врати во почетното пристаниште Алемида во Калифорнија.

Системот се распадна по постојан ветар и бранови во Пацификот.

Слат рече дека е разочаран, но не и обесхрабрен. Тој вети дека операциите ќе продолжат веднаш штом ќе биде можно.

– Ова е сосема нова категорија на машина која таму се наоѓа во екстремни услови, рече Слат.

Целта на неговиот проект беше од океанот да се отстарни големиот „пацифички килим од отпад“ кој е потежок од три тони, а се формирал со децении.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Силен земјотрес го погоди Тихиот Океан

Ана Ололовска

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он