Се продлабочува кризата во владината коалиција на Австрија

Од:

Несогласувањата во владината коалиција на Австрија се продлабочија денеска откако канцеларот Кристиан Керн се закани дека во иднина ќе работи без помладиот партнер во Владата, доколку нејзиниот лидер не стане заменик-канцелар.

Социјалдемократот Керн изјави дека ако лидерот на Австриската народна партија (ОВП) и шеф на дипломатијата Себастијан Курц, не ја прифати функцијата заменик-канцелар, тој ќе побара поддршка од опозициските партии во Парламентот за формирање малцинска Влада.

Курц, кој во неделата беше избран за лидер на ОВП, ја одби функцијата заменик-канцелар, која традиционално ја има првиот човек на помалиот коалициски партнер во Владата.

Денешната изјава на Керн ги отсликува тензиите меѓу двете партии во владејачката коалиција пред предвремените избори на есен.

Аналитичарите го толкуваат одбивањето на Курц да ја прифати вице-канцеларската функција како предизборен обид да се дистанцира од негативниот имиџ на владејачката коалиција пред изборите.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче