Се преврте брод во Габон, најмалку 30 загинати

Од:

Најмалку 30 лица загинаа денес откако се преврте бродот на брегот на Габон, во близина на главниот град на оваа западноафриканска земја, Либревил, јави агенцијата „Франс прес“.

Полицијата соопшти дека бродот, во кој се наоѓале 65 лица, се превртел во водите на Атлантскиот океан, во текот на ноќта, кога силно невреме го зафатило подрачјето.

Репортерот на француската агенција јави дека на брегот биле извлечени 30 безживотни тела, додека бродот се наоѓал во водата, далеку од брегот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени