Се преврте брод со 400 патници на езерото Викторија, десетици загинати

Од:

Танзаниските власти стравуваат дека во денешната бродска несреќа што се случи на езерото Викторија загинале над 200 луѓе.

Досега потврдена е смртта на 42 лица, а стотици патници се спасени. На бродот имало над 400 патници, далеку над максималниот капацитет.

Спасувачката акција е стопирана до утре.

Се уште не е позната причината за превртување на бродот во езерото Викторија, во близина на градот Мванза.

Бродските несреќи се честа појава на езерото Викторија, каде сопствениците на бродовите не ги запазуваат стандардите за пловидба.

Би можело да ве интересира

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија

ВИДЕО: Патнички авон падна во езерото Викторија, во тек се спасувачка акција

Катерина Ѓуровски

Девет лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати, во бродолом во Индискиот Океан

Ана Ололовска

Тројца полицајци и член на обезбедување убиени пред француската амбасада во Танзанија

А1он

Самија Сулуху Хасан положи заклетва како прва жена претседател на Танзанија

Танзанискиот „ковид-скептик“ претседател почина од наводна срцева болест