Се повеќе Британци се откажуваат од државјанството

Од:

Се повеќе Британци се откажуваат од своето државјанство. Според лондонскиот весник Индипендент, во периодот од 2011 до 2021 година вкупно 6.507 лица поднеле барање за откажување од британското државјанство.

– Причините за откажување варираат од личност до личност, но најчест е потегот да се аплицира за државјанство во друга земја која, за разлика од Велика Британија, го ограничува или забранува двојното државјанство, вели Марием Ахмед, шеф на имиграција во специјализираната фирма OTS Solicitors.

Според Индипендент, ограничувањата на двојното државјанство се долгорочно прашање, а Брегзит одеднаш доведе до сосема нови компликации за некои британски граѓани кои живеат во ЕУ, па по Брегзит исто така се зголеми бројот на Британци кои аплицираа за пасоши на некои други земји од ЕУ, најмногу Франција, Белгија или Ирска.

Меѓутоа, за други земји, како што се Шпанија или Холандија, двојното државјанство во комбинација со британското државјанство не е дозволено во повеќето случаи.

Запрашан да го коментира порастот на бројот на луѓе кои се откажуваат од британското државјанство, портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи рече дека повеќето луѓе кои одлучуваат да се откажат од државјанството го прават тоа за да добијат или задржат државјанство на друга земја.

„Се разбира, станува збор за земји кои за разлика од Велика Британија не дозволуваат двојно државјанство“, изјави портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници