Внатрешната анкета спроведена од Кремљ покажува драматичен пад на руската јавна поддршка за продолжување на војната во Украина, пренесува независниот руски медиум Медуза.
Резултатите од анкетата покажуваат дека само 25 отсто од Русите поддржуваат понатамошни конфликти, што е значително помалку отколку во јули, кога 57 отсто од јавноста ја поддржа војната.
Во истиот период, бројот на Руси кои ги поддржуваат мировните преговори се зголеми од 32 на 55 проценти. Медуза, медиум со седиште во Латвија, цитира експерти кои велат дека одлуката на Путин да се мобилизира има големо влијание врз јавното мислење. Поради спроведената мобилизација, многу луѓе беа насилно регрутирани да се борат на бојното поле во Украина.
Социологот Григориј Јудин тврди дека Русите би можеле да се соочат со „дезинтеграција на нивниот секојдневен живот и чувство на опасност“, што би ги зголемило шансите за поголеми протести.
„Протестите не се случуваат само затоа што луѓето мислат нешто, туку кога нешто го прави протестот возможен“, додаде Jудин.
„Потенцијалот за протести во Русија е многу голем. Кога ќе се укаже можност, ќе има протести. Многу е можно да не треба да чекаме толку долго“, заклучува Jудин.
Сепак, упатените во Кремљ потврдија за Медуза дека администрацијата на Путин не е загрижена за потенцијалните масовни протести, иако признаа дека „најдобро е да не се подигне температурата и да не се лути луѓето ако тоа не е потребно“.