На Кина и недостасуваат заштитни материјали како маски, ракавици и други медицински работи и затоа болниците се приморани да ги прават самите.
Медицинските работници имаат итна потреба од маски, ракавици, заштитна облека како и на медицински очила, соопшти денес портпаролката Хуа Чунјинг.
Деновиве низ социјалните мрежи проциркулираа неколку фотографии кои ги возбуди луѓето во светот.
Сепак, од болницата во Вухан – „епицентарот“ на Коронавирусот, велат дека фотографиите се лажни, но корисниците на социјалните мрежи и понатаму се сомневаат.