Се појави ново видео за убиството на Гадафи, со кое се предупредува Асад

Од:

На Твитер се појави ново видео за ликвидацијата на Моамер Гадафи, а во него сириски опозиционер повикува дека „некој треба да му ги испрати овие кадри на Асад“, пишува весникот „Кориере дела сера“.

Видео записот покажува досега непознати детали за ликвидирањето на Гадафи. Во него се гледа мртвиот полковник со огнострелни рани во главата и стомакот. Телото му е поставено во задниот дел на џип, а околу него се собрани либиски бунтовници.

Тие се радуваат, си поигруваат со покојникот, со снимаат со своите телефони, а некои од нив го доближуваат увото до неговите устни, имитирајќи дека слушаат некој од неговите типични зборови, додека други ја клатат главата на трупот, сакајќи да одглумат знак на одобрување.

Весникот „Кориере дела сера“ на својот сајт го објави видеото и посочува дека освен предупредувањето за Асад, тоа може да фрли и повеќе светлина врз убиството на Гадафи.

Има неколку верзии за тоа. Според една, полковникот е застрелан од 18-годишен либиски бунтовник веднаш по неговото фаќање. Втората верзија е посложена. Полковникот бил фатен од бунтовниците и тие почнуваат да го тепаат, по што го носат до автомобил. Тогаш се слуша истрел, кој, според бунтовниците, го ранил Гадафи. Потоа тие со него патувале кон болница, кога следела престрелка со лојалисти, во која полковникот бил смртно прострелан.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски