Се интензивираат борбите во бегалскиот камп Јурмук во близина на Дамаск

Од:

Борбите меѓу сириските бунтовници и сириската армија се интензивираа во палестинскиот бегалски камп во Дамаск, соопшти Агенцијата за бегалци на Обединетите нации.

Според податоци на УНХЦР во вчерашните борби во бегалскиот камп Јурмук загинале 12 а биле повредени 20 лица. Меѓу настраданите има и деца.

Во кампот Јурмук се водат борби меѓу противниците и поддржувачите на сирискиот претседател Башар ал Асад од средината на минатиот месец. Борбите почнаа кога опозициски вооружени групи влегоа во кампот во рамките на офанзивата врз Дамаск.

УНХЦР соопшти дека половина од 150.000 жители на кампот побегнале.

Покрај уличните судири, сириската армија презема и воздушни и артилериски напади.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски