СЕ: Економската криза негативно влијае и врз животот на затворениците

Од:

Економската криза во Европа влијае и врз животот на затворениците бидејќи повеќето држави ги намалиле расходите за затворите во последните години, се наведува во соопштението на Советот на Европа.

– Европа многу ги намали парите за храна и други потреби на затворениците, обука, спортски и други активности, како и изградба на нови затвори. Од почетокот на кризата европските земји просечно дневно одвојуваат по 96,7 евра за затвореник.

Во периодот од 2007 до 2012 година расходите се просечно се намалени за 2,4 евра на ден по затвореник. Најголемо намалување имало кај најпогодените држави од економската криза.

Извештајот на СЕ се темели на податоци од 45 затвори во Европа.

Меѓу земјите кои издвојуваат најмногу средства за затворениците се Шведска (317 евра дневно по затвореник), Норвешка (283 евра), Холандија (273 евра) и Данска (186 евра). Во Франција дневните расходи за затвореник се 96,77 евра, во Шпанија – 66, во Италија – 128 и во Германија 116 евра.

Во Источна Европа, со исклучок на Словачка и Чешка, во 2012 година се трошеле најмалку 30 евра дневно по затвореник, а во Русија – 2,17 евра.

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он