Советот за безбедност на ОН денеска усвои резолуција, со која се дозволува на Европската унија и други земји да конфискуваат бродови за превоз на мигранти во меѓународните води крај бреговите на Либија.
Резолуцијата, по неколкумесечни преговори, се базира на Глава 7 од Повелбата на ОН, што значи дека може да биде наметната по воен пат. Африканските земји членки на СБ на ОН изразија загриженост поради тоа.
Резолуцијата дозволува на ЕУ и одделни држави да воспостават контрола над пловни садови при закана за животот на мигрантите или ако станува збор за жртви на трговија со луѓе. Дозволата за операцијиата се однесува на период од една година.
Во резолуцијата, исто така, се наведува дека мигрантите треба да бидат третирани човечно и достоинствено.