Советот за безбедност на ОН синоќа едногласно усвои резолуција, во која настојува шиитските бунтовници хути неодложно да ги ослободат државните институции и доброволно да се вратат на преговарачка маса за уредување на внатрешно-политичката криза.
Во документот се повикува за прекин на насилството во Јемен, како и на надворешното мешање во земјата.
СБ предупредува дека е подготвен да преземе „дополнителни мерки“ во случај на неизвршување на резолуцијата.
Документот, предложен од Велика Британија и Јордан, беше усвоен од 15-те членки на Советот за безбедност.