Советот за безбедност на ОН поддржа повик на генералниот секретар Бан Ки-мун за хуманитарна пауза во Јемен и побара што побрзо да се организираат мировни преговори.
Во заедничко соопштение петнаесетте држави членки наведуваат дека се крајно разочарани заради одлагањето на преговорите што требаше да се одржат минатата недела во Женева.
Советот го поддржа повикот на Бан за продолжување на хуманитарната пауза за да може да бидат доставени продукти за населението од хуманитарната помош.
Јемен е во хаос откако шиитски бунтовници Хути ја зазедоа главниот град Сана во септември лани и презедоа акции кон јужниот град Аден принудувајќи го претседателот Абд Рабу Мансур Хади да пребега во Саудиска арабија. Ријад предводи коалиција од арапски држави кои од 26 март водат воздушна воена кампања против Хутите. Околу 2.000 луѓе загинаа од почетокот на конфликтот, а бројот на раселени е над 550.000.