СБ на ОН едногласно ја увои мировната иницијатива на Русија и Турција за Сирија

Од:

Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно ја поддржа мировната иницијатива на Русија и Турција за прекин на огнот во Сирија и одржување мировни преговори во Астана меѓу претставници на сирискиот режим и на опозицијата.

Членовите на СБ во усвоената резолуција ја одобруваат спогодбата, постигната со посредство на Москва и Анкара и го потренцираат големото значење за нејзино целосно и итно исполнување.

Во текстот, усвоен по консултациите зад затворени врати се наведува дека Советот ги прифаќа со задоволство и ги поддржува напорите за постигнување мир на Москва и Анкара и ја прифаќа како доказ, спогодбата склучена од нив на 29 декември.

Резолуцијата, предложена од Русија повикува за создавање на преодна Влада, со која во земјата ќе се стави крај на војната, која трае околу шест години, јави ДПА.

Преговорите меѓу сириската Влада и бунтовичките групации треба да се одржат во Казахстан во јануари. Во текстот на резолуцијата се нагласува дека тие преговори се важна етапа во обновувањето на преговорите под покровителство на ОН на 8 февруари 2017 година, како што планираше специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.

Советот исто така инсистира на „брз, сигурен и непречен пристап на хуманитарна помош до цивилното население“.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов