Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе расправа за проширување на санкциите врз Северна Кореја поради нејзината трета нуклеарна проба извршена минатиот месец.
По еднонеделно преговарање зад затворени врати Советот за безбедност на ОН се очекува да гласа за нацрт-резолуцијата поднесена од САД и Кина. Предлогот се однесува на севернокорејските дипломати, ограничување на финансиските трансакции и пристапот до луксузни стоки.
Дипломатите очекуваат едногласно гласање на резолуцијата на СБ на ОН.
Пјонгјанг ги игнорираше санкциите воведени по првите две нуклеарни проби во 2006 и 2009 година и извршина лансирање на ракета со долг дострел во декември минатата година, а потоа уште попровокативна и трета нуклеарна проба во февруари.