Советот на безбедност на Обединетите нации синоќа побара проширување и засилување на воздушните напади врз џихадистите од Исламска држава во Ирак и врз екстремистичките групи поврзани со ИД.
– СБ апелира до меѓународната заедница, во согласност со меѓународните закони, да ја прошират и интензивираат поддршката за ирачката Влада, вклучително и за ирачките безбедности сили во борба против ИД и групите поврзани со неа, се посочува во соопштението на СБ.
Во документот се наведува дека ИД „треба да биде победена, а нетолерантноста, насилството и омразата да се бидат искоренети“.
Меѓународната коалиција предводена од САД напаѓа позиции на ИД во Ирак и во Сирија.