Саудискиот крал повика итен самит на арапските лидери во Мека

Од:

Саудискиот крал Салман, ги повика лидерите на арапскиот свет да одржат вонреден самит во Мека заради влошувањето на односите со Иран, објави официјалната агенција на Саудиска новинска агенција СПА, повикувајќи се на висок извор во Министерството за надворешни работи на кралството.

Соговорникот од Агенцијата, рече дека повикот до земјите од Арапската лига и членки на Советот за соработка во Персискиот залив е поради пренасочување на танкери на брегот на Обединетите Арапски Емирати, како и терористички напади од страна на Хитите на две нафтени станици во Саудиска Арабија. Американските разузнавачки агенции веруваат дека нападот на танкерите можеби сеизвршени од страна на симпатизери на силите на иранската влада, или некој кој работи за нив.

Саудискиот монарх ги повика своите браќа, лидерите на Персискиот залив и Арапската лига да одржат два итни самити на 30-ти јуни во Мека”, се вели во соопштението.

Истиот ден во Саудиска Мека ќе се одржи состанок на кој ќе присуствуваат шефови на држави и влади на Организацијата за исламска соработка.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он