Саудиска Арабија започна воена интервенција во Јемен

Од:

Амбасадорот на Саудиска Арабија во САД, Абдел ал Џубеир соопшти дека неговата држава започнала воена интервенција против бунтовниците Хути во Јемен.

Според неговите зборови овие бунтовници кои го избркаа од резиденција јеменскиот претседател Андерабу Мансун Хади и за кои се верува дека имаат поддршка од Иран одсекогаш го бирале патот на насилството, пренесе „Асошиејтед прес“.

Во тек на објавувањето на воената акција, Ал Џубеир рекол дека Саудиска Арабија ќе направи се за да го заштити народот во Јемен и легитимната јеменска влада.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека во тек на вечерта контактирал со претседателот на Јемен, Абедрабо Мансоур Хади, но дека не може да наведе каде тој се наоѓа.

-Ние бевме во контакт со него. Тој повеќе не е во својата резиденција. Јас не сум во позиција од овде да потврдувам дополнителни детали за неговата локација- изјави портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, пренесе „Франс прес“.

Во меѓувреме министерот за надворешни работи на Јемен, Ријад Јасин рече дека доколку бунтовниците го заземат градот Аден каде што се наоѓа претседателската палата на претседателот Хади, тоа би значело „почеток на граѓанска војна“.

Тој исто така предупреди на евентуална доминација на Иран над целиот Арапски полуостров, бидејќи постои сомневање дека таа држава им помага на бунтовниците, пренесе француската агенција.

„Ројтерс“, повикувајќи се на информации на очевидци од Аден пишува дека крадци веќе ја пустошат претседателксата палата во градот.

Според наводите на медиумите воен авион извршил напад на резиденцијата на јеменскиот претседател, но наместо неа погодил зграда во непосредна близина.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“