Саудиска Арабија ќе го побара истото што ќе му се дозволи на Иран околу нуклеарната програма

Од:

Саудиска Арабија ќе го побара истото што ќе му се одобри на Иран во врска со неговата нуклеарна програма, најави саудискиот принц Турки ал Фејсал.

Во интервју за Би-Би-Си принцот изјави дека што и да договорат светските сили и Иран, резултат од договорот ќе се бара и за нив, како и за другите земји од регионот.

– Секогаш зборував дека што и да произлезе од договорот, ние го сакаме истото, порача Ал-Фејсал, некогашниот шеф на саудиската разузнавачка служба и амбасадор на Ријад во Вашингтон и Лондон, кој веќе не е владин претставник.

Саудиска Арабија во Иран го гледа главниот регионален ривал и стравува дека договорот околу нуклеарната програма на Техеран може да му ја отвори вратата за производство на нуклеарно вооружување.

Иран и шест западни сили долго веќе преговараат за нуклеарната програма на Техеран. Западот го обвинува Иран дека работи на производството на нуклеарно вооружување, додека Техеран тврди дека нуклеарната програма има само мирновременски цели.

-Доколку Иран добие можност да збогати ураниум на било кое ниво, нема само Саудиска Арабија да го бара истото право, укажа принцот.

Тој нагласи дека на целиот свет ќе му биде отворена вратата да оди по истиот пат.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел