Саудиска Арабија ја отфрла одговорноста за убиените цивили на свадба во Јемен

Од:

Саудиска Арабија ги отфрла обвинувањата на јеменските власти дека нејзините воени сили се одговорни за убиството на 130 цивили, што се случи во понеделникот, на една селска свадба, во југозападен Јемен.

Официјален Ријад тврди дека во времето на инцидентот, саудиски авиони не учествувале во било какви воени операции врз јеменската територија.

Саудијците тврдат дека нема сознанија за воздушни напади ниту од авионите на другите земји, членки на меѓународната сунитска коалиција, предводена од Саудиска Арабија која веќе шест месеци ги бомбардира позициите на шиитските Хути.

Во ракетен напад, изведен од воздух, врз два големи шатори во едно село, блиску до јеменскиот град Мока, на брегот од Црвеното море, беа убиени 130 лица, многу од нив жени и деца.

Сите жртви биле гости на свадбата што еден човек, близок до бунтовничките Хути, организирал веселба, прославувајќи ја својата венчевка.

Жители од селото во кое беше извршен нападот, тврдат дека ракетите што ги погодија шаторите, биле испукани од авиони на коалиционите сили.

Јеменските власти потврдија дека во понеделникот, во реонот на Мока имало воздушен напад. Властите сметаат дека станува збор за „грешка“ затоа што во тој дел од земјата нема воени објекти а ниту се водат воени операции.

Претставник на ОН во Јемен, остро го осуди овој тежок инцидент и ги критикуваше сите страни вклучени во конфликтот, за досега покажаното „игнорирање за човечките животи“.

Според податоците на ОН, околу 5.000 лица се убиени во воздушните напади, вклучувајќи и 2.355 цивили, откако на 26 март годинава, бунтовниците Хути и нивните сојузници го присилија претседателот на Јемен Абдар Абу Мансур, кого го признава меѓународната заедница, да ја напушти земјата.

Минатата недела тој се врати во Јемен, во пристаништето Аден, ветувајќи дека наскоро ќе дојде и во главниот град Сана, што се уште е под контрола на Хутите.

Саудиска Арабија започна воени операции против Хутите, обезбедувајќи на своја страна да се приклучат уште неколку сунитски арапски земји, во обидот да се совладаат Хитите кои се подржувани од Иран.

Саудијците настојуваат да го елиминираат влијанието на Техеран во регионот, па од тие причини и ги помагаат сите исламистички групи, вклучувајќи ја и Исламска држава во Сирија и Ирак, за да се собори во Сирија претседателот Башар ал Асад кој и припаѓа на една шиитска група и важи за ирански сојузник.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“