Сателитски снимки покажуваат активност на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Од:

 Сателитски снимки откриваат зголемена активност на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја, што може да е сигнал за подготовка на нов тест или за собирање на податоци од последнедната проба. Ова го соопшти денеска истражувачка група „38 Север” со седиште во САД.

Групата при Универзитетот „Џон Хопкинс” информира дека е откриена активност во сите три тунели на нуклеарниот полигон Пхунгери, вклучувајќи движење на тешка опрема и персонал.
Според експертите, една од можните причини е собирање на податоци за нуклеарната проба од 9 септември. Тие сепак не ја исклучија и можноста дека земјата се подготвува за нова нуклеарна проба.

Се смета дека Северна Кореја е подготвена да изврши нуклеарна проба во секое време. Постојат шпекулации дека е планирана подземна детонација по повод годишнината од основањето на владејачката Корејската работничка партија на 10 октомври.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња