Сасоли му одговори на Јанша: Словенија не кажува што ќе прави ЕУ со бегалците

Од:

Претседателот на Европски парламент Давид Сасоли ја оспори изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша дека Европска Унија нема да отвори хуманитарни или миграциски коридори кон Авганистан, истакнувајќи оти „претседавачот со Советот на ЕУ не може да кажува што ќе направи ЕУ“.

– Сите наши институции работат на тоа да утврди каква солидарност е потребна за тие кои се во опасност од новиот (талибански) режим, а не само за Авганистанците кои работеа со нас, изјави Сасоли.

Тој го повика словенечкиот премиер Јанша да разговара со европските институции за следните чекори.

– Сите наши земји чувствуваат дека се вклучени во расплет на ситуацијата во Авганистан и јасно мора да покажеме солидарност, истакна Сасоли.

Неговата изјава уследи откако Јанша на Твитер напиша дека ЕУ „нема да отвори никакви хунманитарни или миграциски коридори кон Авганистан“ и оти нема да дозволи повторување на мигрантската криза од 2015 година.

– Нема да дозволиме да се повтори стратешката грешка од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа за време на мисијата на НАТО и на земјите -членки на ЕУ кои ја штитат нашата надворешна граница , напиша Јанша на Твитер.

Би можело да ве интересира

Сасоли побара итна реакција од ЕК за одлуката на полскиот Уставен суд

А1он

Владата на Јанша со најмала поддршка во анкетите од почетокот на манадатот

Јанша направи дипломатски гаф околу Иран, ЕУ се оградува

Жарко Настоски

Орбан: Среќа наша што Словенија ја води ЕУ, а Јанша ја води Словенија

Жарко Настоски

Јанша: Демне есенскиот бран, да ја засилиме вакцинацијата

Жарко Настоски

Словенечкото претседателство очекува формални преговори со Скопје и Тирана

Жарко Настоски