Во Словенија рекордни цени на бензинот и дизелот, Голоб го обвинува Јанша за ситуацијата

Од:

Цените на нафтените деривати во Словенија достигнаа рекордно ниво, и литар бензин на домашните бензински пумпи „Петрол“ чини 1,617 евра, а дизелот 1,817, додека на бензинските пумпи на автопатиштата цената е повисока.

Идниот премиер Роберт Голоб, како што пренесе Бета, денеска ги обвини дистрибутерите на нафтени деривати за картелско договарање за зголемување на малопродажните цени, што го овозможи владата на Јанез Јанша во заминување, која, според мислењето на Голоб, поради „политички причини не ги продолжи лимитираните цени кои беа во сила од средината на март“.

– Владата на Јанша се реваншира за поразот на изборите со одлуката да ги стопира регулираните цени на горивата, изјави Голоб.

Тој изрази огорченост од одлуката на дистрибутерите, кои веднаш откако стана јасно дека владата на Јанша нема да продолжи да ги ограничува цените на горивата, побрзаа со големо поскапување, а разликите во цените меѓу дистрибутерите се минимални, што навестува дека се договориле.

Голоб се закани дека неговата партија – доколку продолжи таквиот тренд – ќе ја повика Агенцијата за конкуренција да преземе мерки против ваквото работење на пазарот.

Голоб, кој до пред да влезе во политиката раководеше со големи компании како електроинженер и експерт за енергетика, во својата кампања пред изборите нагласуваше дека намалувањето на цените на енергијата во енергетската криза што се очекува на есен ќе биде еден од главните приоритети на неговата влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он