Сасоли: Односите меѓу ЕУ и Русија денеска се на најниско ниво

Од:

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, денеска изјави дека односите меѓу Европската унија и Русија се на најниско ниво и дека сегашните тензии меѓу Украина и Русија „не инспирираат надеж“ дека тоа наскоро ќе се промени.

Сасоли денеска ја отвори пленарната седница на Европскиот парламент (ЕП), што оваа недела се одржува во Стразбур, со осврт на 30-годишнината од распадот на Советскиот Сојуз.

-Распадот на Советскиот Сојуз стави крај на долгиот период на Студената војна, а многу поранешни советски републики сега се членки на Европската унија, рече Сасоли и додаде дека на земјите за премин кон демократија им е потребно време, но и менување на менталитетот.

„Многу е тешко да се изгради демократија, но лесно е да се изгуби ако не се грижиме за неа. Демократијата се темели на довербата на граѓаните во институциите што треба да се обновуваат секој ден“, рече Сасоли, мислејќи на однсоите меѓу Унијата и Русија.

-Односите на ЕУ со Русија денеска се на најниското ниво, рече Сасоли, а кризата во Источна Европа „не влева надеж“ дека тоа ќе се промени во скоро време.

Украина ја обвинува Русија дека трупа десетици илјади војници долж нивната заедничка границата и се подготвува за напад. Русија го негира тоа и ги обвинува Украина и НАТО за дестабилизирачко однесување и бара безбедносни гаранции за своја заштита.

Би можело да ве интересира

Башар ал Асад е во Москва објавија руските државни медиуми

Катерина Ѓуровски

Русија: Асад ја напушти Сирија по преговори со „другите учесници во конфликтот“

Катерина Ѓуровски

Путин: Само четвртина од западните компании се повлекоа од рускиот пазар

Неколку земји од ЕУ се подготвуваат за војна

(ВИДЕО) Диверзантската група „Атеш“ и зададе сериозен удар на Москва

Орбан: Русија стана „многу силна“, а Украина „многу слаба“

Горан Наумовски