Сасоли му одговори на Јанша: Словенија не кажува што ќе прави ЕУ со бегалците

Од:

Претседателот на Европски парламент Давид Сасоли ја оспори изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша дека Европска Унија нема да отвори хуманитарни или миграциски коридори кон Авганистан, истакнувајќи оти „претседавачот со Советот на ЕУ не може да кажува што ќе направи ЕУ“.

– Сите наши институции работат на тоа да утврди каква солидарност е потребна за тие кои се во опасност од новиот (талибански) режим, а не само за Авганистанците кои работеа со нас, изјави Сасоли.

Тој го повика словенечкиот премиер Јанша да разговара со европските институции за следните чекори.

– Сите наши земји чувствуваат дека се вклучени во расплет на ситуацијата во Авганистан и јасно мора да покажеме солидарност, истакна Сасоли.

Неговата изјава уследи откако Јанша на Твитер напиша дека ЕУ „нема да отвори никакви хунманитарни или миграциски коридори кон Авганистан“ и оти нема да дозволи повторување на мигрантската криза од 2015 година.

– Нема да дозволиме да се повтори стратешката грешка од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа за време на мисијата на НАТО и на земјите -членки на ЕУ кои ја штитат нашата надворешна граница , напиша Јанша на Твитер.

Би можело да ве интересира

Во Словенија рекордни цени на бензинот и дизелот, Голоб го обвинува Јанша за ситуацијата

А1он

Европскиот парламент и ЕУ му оддадоа почит на Давид Сасоли: „Вашата борба за демократија ќе продолжи“

Ана Ололовска

САД со сочувство до ЕУ за смртта на претседателот на ЕП, Давид Сасоли

А1он

Почина претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли

Катерина Ѓуровски

Сасоли: Односите меѓу ЕУ и Русија денеска се на најниско ниво

А1он

Сасоли побара итна реакција од ЕК за одлуката на полскиот Уставен суд

А1он