Сара Пејлин бара од имигрантите да зборуваат „американски“ јазик

Од:

Поранешната гувернерка на амерканската сојузна држава Алјаска, Сара Пејлин, која му припаѓа на десното конзервативно крило на Републиканската партија, побара од имигрантите во САД да зборуваат „американски“ кога веќе се одлучиле да дојдат во земјата.

Во интервју за една американска телевизија, Пејлин тврди дека дури 37 милиони Американци дома не зборуваат „американски“, туку шпански јазик.

Таа смета дека таквата практика е погрешна и дека „не е чесно“ кон земјата каде еден имигрант се населува, сака постојано да живее и да обезбедува повисок стандард за себа, да не сака да го зборува јазикот на земјата-домаќин.

Пејлин го критикуваше и поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, кој е еден од кандидатите за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД во ноември 2016 година, кој на митинзите, посебно во реоните со доминантно латиноамериканско население, зборува на шпански јазик.

– Убаво од него што мошне течно зборува шпански, но во оваа земја, еден американски политичар, треба да зборува „американски“, смета Палин.

Нејзината критика за поранешниот гувернер на Флорида, кој е долги години во брак со Мексиканка, па го зборува и шпанскиот јазик, доаѓа по истата таква критика што претходно до Буш ја испрати и Доналд Трамп.

Милијадрерот, кој сака да стане политичар и да влезе во Белата куќа и понатаму има уверлива предност пред другите претенденти за републиканска номинација, оставјаќи го Џеб Буш далеку зад себе, според подршката што ја има во разните анкети во домашната јавност.

Американските аналитичари не веруваат дека Трамп може да биде претседател на САД, но сметаат дека јавноста сака да го слуша она што тој отворено го зборува, посебно за имиграцијата и за домашните состојби, додека другите кандидати засега тоа не го прават.

Џеб Буш е единствениот меѓу нив,  кој досега влезе во „расправија“ со Трамп. За другите републикански претенденти, па и за демократката Хилари Клинтон, се вели дека „се плашат да му спротивстават“, за да не бидат јавно исмевани и зајадливо опишувани, каква што е „техниката“ на јавните настапи на Доналд Трамп.

Сара Пејлин, која се „активираше“ и пред последните претседателски избори, сега вели дека го подржува Трамп и верува дека може да биде државен секретар за енергија, доколку милијардерот стане претседател.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти