Самитот на АСЕАН во Мјанмар го следат 447 новинари и го обезбедуваат 11.000 полицајци

Од:

Дводневниот самит на десетте држави на АСЕАН, што започнува денеска во новиот административен центар Наи Пи Тав во близина на главниот град Јангун, ќе го следат 447 известувачи од кои 336 се странски новинари. Собирот на шефовите на држави и влади од регионот на југоисточна Азија ќе го обезбедуваат 11.000 локални полицајци и експерти за безбедност на Интерпол од Канада, Јужна Кореја и Словенија.

На агендата на 24 средба на највисоко ниво на АСЕН се повеќе прашања од областа на економската и културната соработка, меѓу кои е и договор за последните подготовки за формирање на економска заедница на членките на АСЕАН, слична на Европската Унија. Се планира економската унија во рамките на АСЕАН да профункционира кон крајот на 2015 година.

Набљудувачите и аналитичарите очекуваат дека на самитот ќе доминаира спорот на повеќето држави од АСЕАН со Кина, во врска со спорниот суверенитет на водите на Јужно Кинеско Море. Тензиите пораснаа во последниве две недели,поради инциденти меѓу кинески воени бродови со воени и рибарски бродовиод Филипините и Виетнам.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска