Самитот на АСЕАН прогласен за историска пресвртница во регионот на југоисточна Азија

Од:

Премиерот на Малезија Наџиб Разак денеска, на овторањето на 26 Самит на групацијата АСЕАН оцени дека се работи за историски собир во Куала Лумпур, бидејќи ќе се договорат соодржините на дејствувањето на Економската заедница на АСЕАН и рамките според кои ова подрачје во југоисточна Азија ќе стане пристојно место за живеење на над 600 милиони жители на регионот.

Со промовирање на Економската Заедница на АСЕАН овој регион ќе обезбеди економски развој кој од сегашните 2.600 милијарди во 2025 година ќе остварува вкупен бруто производ од над 10.000 милијарди долари, полова еднаквост и доволно образование за сите жители.

На годинашниот самит на АСЕАН, што го сочинуваат Малезија, Индонезија, Брунеи, Сингапур, Филипините, Виетнам, Мјанмар, Лаос, Тајланд и Камбоџа учествуваат сите десет шефови на држави или влади. Тие, покрај другото, треба да ги потпишат и декларациите за формирање на Интер-парламентарно собрание на групацијата и посебно тело за овозможување и поттикнување на образованието на младите од ова подрачје, без ограничување со сегашните државни простори.

Се очекува и посебно соопштение за договорена соработка во борбата за спречување на заканите од тероризам, актуелни и на ова подрачје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Азија зафатена од нов бран на Ковид-19

Горан Наумовски