Самит на Г-20: Економската криза во сенка на евентуалната воена акција врз Сирија

Од:

Лидери од дваесетте најразвиени економски држави од светот се собираат во Санкт Петербург на дводневен самит на Г-20 и како што Гардијан го оквалификува настанот – тоа ќе биде „борба на западните лидери со Владимир Путин“, кој се заканува дека ќе испрати противракетен штит во Сирија ако САД нападнат без одобрение на ОН.

Иако се очекуваше дека самитот Г-20, чиј домаќин е Путин да се фокусира на светската економија и економскиот раст, доминантна тема ќе биде кризата на Блискиот исток, иако засега агендата останува насочена на проблемот со спориот раст на пазарите во развој.

Кина веќе предупреди на негативните економски последици од воена интервенција во Сирија, пренесува МИА.

Воена акција ќе има негативно влијание на светската економија, особено на цената на нафтата, изјави кинескиот министер за финансии Жу Гуангјао на конференција за новинари на Самитот на Г-20 во Санкт Петербург.

Жу, истовремено повика за политичко решение на сирискиот конфликт.

Од друга страна, претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Џон Бајнер не го прифати барањето да разговара за Сирија со руската делегација, соопшти неговиот портпарол.

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од неделата објави дека ќе испрати парламентарна делегација во САД на разговори со претсатвниците на Конгресот со цел да ги убедат конгресмените да гласаат против воена интервенција во Сирија поради наводниот напад со сарин на 21 август во предградијата на Дамаск.

Американскиот воен напад врз Сирија поради употребата на хемиско оружје од режимот во Дамаск нема да доведе до судир со Русија, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

Русија е главен сојузник на Сирија и ги блокира напорите за санкционирање на Дамаск во Советот за безбедност на ОН.

– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров јасно стави до знаење дека Русија не планира да води војна заради Сирија, изјави Кери на сослушување на комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом.

Комисијата за надворешни работи на Сенатот на САД вчера изгласа поддршка на резолуцијата за напад врз Сирија, Белата куќа реагираше со соопштение во кое гласањето го нарече согласност за воена акција.

Соопштението, во кое Белата куќа се обврзува дека ќе продолжи да работи со Конгресот за да обезбеди поддршка за нападот, се совпадна со шпекулациите од високо ниво дека целиот Конгрес нема да гласа за нападот врз Сирија, туку тоа ќе го стори само Сенатот, каде што Демократската партија на претседателот Барак Обама има мнозинство.

– Ова попладне, врз двопартиска основа, Комисијата за надворешни работи на Сенатот одобри резолуција со која се дозволува американска воена акција во Сирија. Му благодариме на Сенатот што реагираше бргу и ги надмина партиските линии во интерес на националната безбедност. Воената акција одобрена со резолуцијата ја зацврстува американската национална безбедност и го намалува капацитетот на Асад да употреби хемиски оружја. Ние ќе продолжиме да работиме со Конгресот да ја надградиме ова двопартиска поддршка за воен одговор кој е ограничен и замислен да ја спроведе забраната за употреба на хемиски оружја, но е доволно голем да ги заштити националните интереси на САД, соопшти Белата куќа.

Во Вашингтон се очекува Сенатот и Претставничкиот дом, двата дома на Конгресот на САД, да гласаат за резолуција која меѓусебно ќе ја усогласат, но претседателот Обама повеќе пати подвлече дека тој донел одлука за напад врз Сирија и смета дека има право да го изврши нападот и без согласност на Конгресот.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов