Салвини: Приемот на бегалци ќе ги охрабри трговците со луѓе

Од:

Италијанскиот заменик – премиер Матео Салвини остро го отфрли договорот за спасените мигранти за кој посредуваше Европската унија, и рече дека тоа ќе ги охрабри трговците со луѓе.

Според договорот кој го објави премиерот на Малта Џозеф Мускат, европски држави, вклучувајќи ја и Италија, ќе ги примат 49-те мигранти кои уште од декември се наоѓаат на приватни спасувачки бродови, откако тие прво ќе пристигнат на Малта. Покрај тоа, тие ќе примат и поголем број од 249 бегалци кои веќе се наоѓаат на Малта.

Салвини за време на посетата на Полска изјави дека е апсолутно против доаѓањето на нови мигранти во Италија, што е спротивно на ставот на италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Салвини е министер за внатрешни работи, лидер на десничарската анти-имигрантска Лига, една од двете коалициски партии во италијанската Влада. Конте рече дека доколку Италија прими околу 15 спасени деца и нивните родители, тоа нема да направи „дамка“ на земјата поради прифаќање на мигрантите кои ги спасиле приватни бродови.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години