Саливан: САД се подготвени да ги преиспитаат санкциите против Русија доколку биде постигнат договор меѓу Москва и Киев

Од:

САД се подготвени да ја разгледаат можноста за укинување на голем број антируски санкции доколку Москва и Киев постигнат договор. Ова го соопшти Џејк Саливан, помошник на претседателот на САД за национална безбедност, за време на конференција организирана од Економскиот клуб во Вашингтон.

Тој беше прашан дали санкциите против Русија ќе бидат укинати доколку руско-украинските преговори резултираат со договор.

– Ова не е однапред одредено прашање. Многу зависи од формата и опсегот на овој потенцијален дипломатски договор. А многу зависи од тоа што Украина ќе договори во консултација со нас и Европа. Ние немаме намера да ја прескокнеме Украина и да склучиме договор за укинување на голем број санкции наметнати на Русија. Но, ако некоја мерка за олеснување на санкциите биде вклучена во веродостојно дипломатско решение предводено од Украина, тоа ќе биде нешто за што со задоволство ќе разговараме, рече Саливан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија