Салами: Коронавирусот може да е предизвикан од биолошки напад смислен од властите на САД

Од:

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Хусеин Салами вели дека коронавирусот може да е предизвикан како резултат на биолошки напад смислен од властите во САД.

Водачот на ИРГЦ рече дека смртоносниот вирус би можел да биде резултат од биолошки напад организиран од Америка, јавува локалната новинска агенција.

Хусеин Салами, кој претходно вети дека ќе ја „исчисти планетата од нечистотијата“ на Израел и САД, според „Ерусалим пост“, ги соопшти коментарите со „истиот тон“ во кој и го пофали Касем Сулејмани, кој ја предводеше елитната единица се додека не беше убиен во јануари од американските беспилотни летала во нападот во Ирак.

Според статистиката, Иран и Италија имаат најголем број на жртви во светот по Кина.

Во Иран има регистрирано 2,922 случаи од кои 92 завршиле фатално, според последните бројки на Светската здравствена организација.

Иран минатата недела се обиде да ја смири загриженоста во врска со вирусот, но како што се влошија работите, властите велат дека владата можеби ќе мора да мобилизира 300,000 војници и доброволци за да се спротивстави на вирусот.

Постојат загрижености дека Иран лажно известува за бројот на заразени лица внатре во нејзината територија, бидејќи нејзината стапка на смртност од инфекцијата се искачи за околу четири проценти што е значително повисоко од стапката во другите земји.

 

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски