Салах Абдеслам за неколку недели ќе биде екстрадиран во Франција

Од:

Екстрадирањето на осомничениот за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам од Белгија во Франција веројатно „ќе потрае неколку недели“, бидејќи истражните органи го испитуваат за минатомесечната престрелка со полицијата во Брисел, изјави адвокатот на осомничениот Свен Мари.

– Тој ќе биде екстрадиран во Франција за неколку недели. Прво треба да биде сослушан во врска со друго дело, истакна Мари, мислејќи на престрелката од 15 март во која бил вмешан Абдеслам.

Белгиски суд на 31 март донесе одлука Абдеслам да биде екстрадиран во Франција. Тој изјави дека сака да соработува со француските власти и Белгија да го екстрадира во Франција.

Абдеслам од 18 март се наоѓа во притвор во Бриж. Тој е поврзан со неколку лица кои се вмешани во терористичките напади во белгискиот главен град и е еден од главните осомничени за нападите во Париз на 13 ноември минатата година, во кои загинаа 130 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили